Корал С.А. (Coral S.A.) е поранешна Шел Хелас С.А. (Shell Hellas S.A.), коа беше преименувана по завршуватьето на нејзиното преземање од страна на Мотор оил хелас (Motor Oil Hellas). Компанијата функционира во Грција од 1926 година.

Визијата на Корал во Грциіа е да биде компанија број еден за маркетинг на нафтени производи и прв избор на клиентите, со својот човечки лик и почит кон животната средина. Стратегијата на компанијата е постојано да ги унапредува своите услуги со цел да ги задоволи потребите на пазарот и на нејзините клиенти, кои постојано се менуваат и да се разликува од своите конкуренти на сите нивоа. Секојдневните операции на компанијата и нејзините партнери се регулирани со општите деловни принципи и кодекс на однесуванье на компанијата, фокусирани главно на: примена на принципите за одржлив раст, развој на рамка за здравје, безбедност и животна средина, усогласеност со актуелното законодавство и развој и имплементација на тековна, програма за корпоративна општествена одговорност, која ќе одговори сериозно на проблемите на нашето општество.


Со околу 750 малопродажни станици кои работат под брендот Шел, компанијата има пазарен удел од околу 22% и е лидер на грчкиот пазар на горива.


Главните активности на компанијата вклучуваат дистрибуција и маркетинг на широк спектар на нафтени производи, вклучувајќи бензин, мазут, дизел и мазива преку својата малопродажна мрежа. Нејзините активности, исто така, опфаќаат и индустриски и комерцијални сектори, поморски сектор и хемикалии.


Понатаму, Корал С.А. има 100% удел во „ЕРМИС A.E.M.E.E." (ERMIS A.E.M.E.Е.) и „МИРТЕА А.Е. (MYRTEA A.E.) кои управуваат со малопродажните станици, како и во „Корал продактс енд
трејдинг A.E.“ (Coral Products and Trading A.E), компанија коа се занимава со маркетинг на поморско гориво. Покрај, тоа, Корал С.А. има 37,49% удел во РАПИ А.Е, (RAP) А.F.), која управува со складишта за нафта и 49% удел во Шел & МОХ Авиеши Фіуелс А.Е. (Shell & MOH Aviation Fuels A.E.), компанија коа продава воздухопловно гориво.

Корал работи на малопродажниот пазар на Кипар од 2017 година преку својата подружница Корал енерци продактс Сајпрус лимитед (Coral Energy Products Cyprus Limited) која управува со 32 малопродажни станици, од кои 29 се под брендот Шел. Слично на тоа, Корал е активна на српскиот пазар од 2018 година преку своата подружница Корал СРБ д.о. (Coral SRB d.o.) Белград, која управува со шест малопродажни станици под брендот на Шел. Исто така, од јануари 2021 година Корал е активна на хрватскиот пазар по стекнуваньето на 75% од Аниос д.о.о. (Apios Д.о,о) коа има мрежа од 26 малопродажни станици. Постепено, мрежата на компанијата, која беше преименувана во Корал КРОАТИА д.о.о., (Coral CROATIA d.o.о.), ќе работи под брендот Шел. Понатаму, во април 2021 Година Корал фјуелс ДООЕЛ (Coral Fues DOOEL) Cкопје, подружница на Корал С.Л., започна со работа на првите две малопродажни станици во Северна Македонија под брендот Шел.

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.